| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета на „Павел Шатев“: Никола Попоски со стабилна и недостижна предност во ИЕ 1

nikola poposki stevo pendarovski

Носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија во првата изборна единица, Никола Попоски, има стабилна и недостижна предност над противкандидатот од Коалицијата предводена од СДСМ, Стево Пендаровски, покажува вториот дел од анкетата на Институтот „Павел Шатев“. Само неколку дена пред изборите, 25,8% од испитаниците му веруваат на Попоски, а само 19,4% својот глас ќе го дадат за Пендаровски.

pavel-satev-anketa-ie-1

Телефонската анкета беше спроведена во периодот од 30 ноември до 2 декември 2016 година на репрезентативен примерок од 1090 испитаници. Целта на анкетата е да ги утврди перцепциите на македонските граѓани.

Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење.

Анкетите на овој институт во минатото се покажаа како едни од најверодостојните.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top