| четврток, 6 декември 2018 |

Симеоне ги разгори страстите во Милано: Ќе бидам тренер на Интер

diego-simeone

Стратегот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не крие дека преселбата на клупата на Интер е мисија што ќе ја оствари во иднина. Аргентинскиот стратег е концентриран на работата со актуелниот вицешампион на Европа, но веќе разговарал со своите најблиски за преселба на Апенинскиот Полуостров.

– Разговарав со мојот син, како и со татко ми и со сестра ми. Тие знаат дека ќе бидам тренер на Интер, тоа не е ништо ново, единствената дилема е кога ќе се случи тоа. Јас никогаш не сум ја криел желбата еден ден да се вратам во клубот каде што минав прекрасни моменти како играч – изјави Симеоне.

Аргентинецот имаше договор со Атлетико Мадрид до 2020 година, но двете страни се договорија истиот да биде скратен за две години, па сега истекува во јуни 2018 година. Останува да се види дали „нероаѕурите“ ќе го чекаат Симеоне уште 18 месеци или, пак, ќе се остварат најавите дека кинеските газди ќе тргнат во тотална офанзива за да го доведат овој стручњак веќе во претстојниот летен преоден рок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top