| четврток, 6 декември 2018 |

Пресврт на Бурнмаут за победа од 4-3: Ливерпул прими три гола во поледните 15 минути (Видео)

Екипата на Ливерпул веројатно уште долго ќе го памети денешното гостување во Бурнмаут. Мане и Ориги во 20. и 22. минута го донесоа Ливерпул во водство од 0-2 и тогаш се чинеше дека работата е завршена. Вилсон од пенал ја врати неизвесноста во дуелот, но кратко потоа Чан ја врати разликата од два гола.

Кога се чинеше дека „црвените” веќе ги пишуваат новите три бода се случи мало фудбалско чудо. Јунак беше Фрејзер кој намали на 2-3, а потоа му асистираше на Кук за 3-3, за дефанзивецот Аке во третата минута од судиското продолжение да го постави конечниот резултат 4-3 откако реагираше на одбиената топка по ударот на Фрејзер. По ова издание, тренерот Клоп со сигорност ќе биде бесен на своите играчи, особено на дефанзивците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top