| четврток, 6 декември 2018 |

Отровни стрели: Весна и Неда се испокараа на снимање

На снимањето на новогодишната програма на „ДМ“, пејачките Весна Змијанац и Неда Украден размениле неколку реченици, после кои на сите што биле во нивно друштво им било непријатно, пишува „Ало“.

Весна и Неда во исто време пристигнале во ресторанот каде било закажно снимањето, а потоа со кисела насмевка се поздравиле.

– Здраво, Недо. Не ми честита за раѓањето на внуката – му рекла Змијанац на Украден.

 

Иако не очекувала, одговор добила.

– Па, што…Ни ти мене не си ми честитала никогаш, а јас толку внуци добив – му вратила Неда.

На ова Змијанац превртила со очите и продолжила со кавгата.

– Драга моја Недо, поинку е кај мене. А, ако сакаш така, ти не ни славеше, не го ни одбележа раѓањето на внуците, ниту пак викна на прослава – му вратила таа, но Неда не сакала да продолжи.

По ова, Неда ги собрала своите работи од нивната заедничка маса и се префрлила на друга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top