| четврток, 6 декември 2018 |

Нова кривична за Севе од Милан: Таа не е добра мајка!

Милан Поповиќ безуспешно се обидувал да стапи во контакт со Северина Којиќ за да ѝ го врати синот во договореното време. Меѓутоа, таа не одговарала на пораките. Токму затоа Милан го задржал синот Александар кај него, а покрај тоа, детето не било во стабилна здравствена состојба.

Пејачката во последните две недели поднела две пријави до хрватската полиција против поранешниот свршеник, српскиот бизнисмен МИлам Поповиќ. Минатата недела го пријавила за кршење на пресудата за гледање и враќање на четиригодишниот син Александар, а оваа недела го тужела за киднапирање на детето, тврдејќи дека го однел во Србија без нејзина согласност.

Милан и претходната и оваа недела одел во полициска станица во Хрватска за да пријави дека не може да стапи во контакт со мајката на својот наследник за да го врати во договореното време.

Тој тврдел пред полицијата дека малиот Александар не бил во стабилна здравствена состојба кога го зел од мајката и дека тој долго време не ја гледал.

Како резултат на ова, Поповиќ решил да поднесе кривична пријава во хрватската полиција во која мајката ја товари за негрижа кон детето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top