| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно откриен убиецот на малата Медлин од Германија

Пеги Кноблоч (9) имала само девет години кога исчезнала во мај 2001 година од Литенберф, Баварија, а многумина нејзиното исчезнување го споредија со британското девојче Медлин Мекен. Германската полиција го заклучи овој случај после 15 години.

Пеги ја барале во Турција и во Чешка, но не ја пронајдоа.

Во почетокот на годината нејзиното тело беше пронајдено 15 километри од домот. Германската полиција објави дека ДНК пронајдена на нејзината облека е иста со онаа на неонацистот Уве Боенхардт, пренесува британски „Сан“.

uwe-boenhardt

Боенхардт се самоуби во 2011 година заедно со колегата во затворската ќелија.

Многумина исчезнувањето на Пеги го споредуваа со она на Медлин, британското девојче кое исчезна од стан во Португалија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top