| четврток, 6 декември 2018 |

Џенова ја декласираше „старата дама“ за поинтересно првенство (видео)

dzenova

Најголемото изненадување во 14. коло на Серија А го направи екипата на Џенова која на својот „Луиџи Ферарис“ стадион славеше над актуелниот шампион Јувентус со убедливи 3-1.

„Старата дама“ беше посрамотена во првите 30 минути игра на мечот, кога Џенова стигна до предност од 3-0. Најпрво погоди Симеоне во 3. и во 13. минута за водство од 2-0, а потоа во 29. минута со автоголот на Сандро домашните дојдоа и до убедливи 3-0. „Црно-белите“ останаа на мечот и без репрезентативецот Бонучи кој поради повреда мораше да ја напушти играта во 33. минута.

Пјаниќ во 82. минута успеа да го постигне почесниот гол за тимот од Торино.

Аталанта дојде до победа од 0-2 на гостувањето против Болоња, благодарение на погодоците на Масиело во 15. минута и Куртиќ во 68. минута од натпреварот.

Резултати Серија А 14.коло:

Џенова – Јувентус 3-1, Болоња – Аталанта 0-2, Каљари – Удинезе 2-1, Кротоне – Сампдорија 1-1, Палермо – Лацио 0-1

Рома – Пескара (20:45 ч.)

ТАБЕЛА: Јувентус 33 бода, Милан 29, Лацио 28, Аталанта 28, Рома(-1) 26, Торино 25, Наполи(-1) 24 бода,…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top