Штипскиот градоначалник, Илчо Захариев, го раскина договорот со бугарската фирма Кибилд, која ги градеше петте платформи во коритото на реката Отиња и го стопира кредитот земен од Светска банка во висина од околу 2 милиони евра.
Захариев одлуката ја донесел по низа на консулатации со Светкска банка и со претставниците на Кибилд, кои веќе подолго време немаат никакви градежни активностит во реката, а која се наоѓа во централното градско подрачје.
Штипскиот градоначалник вели дека од Царинската управа добиле информација дека бугарската фирма уште пред два ипол месеци ја изнела градежната опрема, а во коритото во изминатите месеци, како што вели Захариев, работеле само петтмина работници, кои биле ангажирани од фирма подизведувач од земјава. Досега на фирмата Кибилд исплатени и се 290.000 евра, а реализирано само 160.000 евра или столбовите на две платформи.
Светска банка веднаш си ги бара 140.000 евра кои се исплатени, а Захариев вели дека општината веднаш ќе им ги врати, бидејќи во сите сектори на админситарцијата се штеди. Двете платформи за паркирање на возилата ќе се доградат од страна на општината, а во меѓувреме 20 вработени од општинската администрација се ангажирани да направат проект, како ќе го средат хаосот во коритото на Отиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



