Младите луѓе во Грција веќе не сонуваат за државна работа, а од 75 до 80 проценти сакаат да емигрираат, покажуваат резултатите на анкетата изработена од Универзитетот Пиреја.
Тие изјавиле дека не сакаат државна работа, што е изненадувачки податок, бидејќи во 2008 година за 8.500 места во државниот сектор се пријавиле 100.000 лица. Испитаниците повеќе преферираат отворање на сопствена фирма.
Како најпосакувани дестинации за младите Грци се Германија, потоа Франција, скандинавските држави и САД.
Анкетираните изјавиле дека за грчката криза е виновен политичкиот систем, а не Европската унија, Германија или Меѓународниот монетарен фонд.
Испитаниците истакнале дека решението за кризата е во рамките на Европската унија, додавајќи оти се надеваат дека ситуацијата во државата за три години ќе се подобри. Тие бараат и смена на луѓето кои управуваат со државата.
Младите истакнале дека општеството нема да издржи нови рестриктивни мерки.
Со анкетата биле опфатени 515 луѓе на возраст од 18 до 30 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најавен студентски протест во Битола на „Млади за Македонија“: Во каква држава ќе живееме, од нас зависи!
-
Владата не реализирала ниту еден проект за младите
-
Бесперспективност поради рецесијата: Младите масовно се иселуваат од Македонија
-
Јохан Тарчуловски со програма за младите, семејствата и пензионерите



