| четврток, 6 декември 2018 |

Сто голови за Лео Меси: Ова е нов рекорд за чудесниот Аргентинец (Видео)

Лео Меси дојде до неверојатно достигнување постигнувајќи сто голa за Барселона во меѓународните натпреварувања.

Аргентинецот се врати по повредата, а со тоа дојдоа и победите на Барселона. Меси со два гола го реши дуелот во Глазгов во 5. коло од Лигата на шампионите за победа на Барселона од 2:0. Првиот гол во 24. минута беше 400. гол на Барселона под водство на Луис Енрике, а вториот гол на Меси беше јубилејниот стоти за него во сите меѓународни клупски натпреварувања.

Ниту еден играч во историјата на фудбалот не постигнал 100 голa во меѓународните натпреварувања за еден клуб.
mesi
Она што би можело да го загрижи неговиот најголем конкурент Кристијано Роналдо е податокот дека Меси сега е сѐ поблиску до стотиот погодок во Лигата на шампионите намалувајќи го заостанувањето зад Португалецот на само три гола. Сезоната Роналдо ја започна со 10 голови повеќе, во моментов е на 95, а Меси на 92 во најелитното клупско фудбалско натпреварување.

Меси веќе претходно ја претекна легендата на Реал, Раул кој го држеше рекордот со 53 гола во групната фаза од ЛШ, а Аргентинецот досега има 56.

Меси е играч со најголем број постигнати голa во 2016 година, постигна 54 во сите натпреварувања за клубот и репрезентацијата. Зад него се Роналдо со 49, Суарез со 47 и Ибрахимовиќ со 41 гол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top