Нов силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степена по Рихтеровата скала денеска го погоди новозеландскиот Јужен Остров. Потресот бил во 13:45 по локално време со епицентар на длабочина од 10 км, на околу 120 км североисточно од Крајсчрч.
Земјотресот е регистриран 12 часа по потресот од 7,4 по Рихтер во кој загинаа две лица и беше погодено подрачје 90 км од Крајстчрч кој е најголем град на новозеландскиот Јужен Остров.
Во февруари 2011 година беше погоден од земјотрес во кој загинаа 185 луѓе и беше предизвикана голема материјална штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.