| четврток, 6 декември 2018 |

Мирчевски до Бабановски: По­ми­на вре­ме­то ко­га се пла­шев­ме од уд­ба­шки­те за­ка­ни

 

Ненад Мирчевски

Ненад Мирчевски

Ед­на не­де­ла по об­ја­ву­ва­ње­то на тек­стот во не­дел­ни­кот „Ре­пуб­ли­ка“ со нас­лов „Мрач­ни ли­ко­ви за мрач­ни сце­на­ри­ја“, во кој се ана­ли­зи­ра удар­на­та ту­па­ни­ца во цр­на­та кам­па­ња на СДСМ со­ста­ве­на од по­ра­неш­ни при­пад­ни­ци на тај­на­та по­ли­ци­ја и ше­фо­ви на УД­БА и при­тоа се по­тсе­ту­ва на нив­ни­те уд­ба­шки ме­то­ди при спра­ву­ва­ње со не­и­сто­мис­ле­ни­ци­те, се по­ја­ви еден од спо­ме­на­ти­те, по­ра­неш­ни­от уд­баш Иван Ба­ба­нов­ски, за да го по­твр­ди се­кој на­пи­шан збор од ко­лум­на­та на Ни­ко­ла Ср­бов.

Не­ко­гаш­ни­от шеф на Тре­ти­от од­дел на Служ­ба­та за др­жав­на без­бед­ност (по­ра­неш­на УД­БА), од­го­во­рен за уни­шту­ва­ње­то на мно­гу чо­веч­ки суд­би­ни во 80-ти­те и во 90-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, ми­на­та­та не­де­ла се оби­де по­втор­но да ги упо­тре­би уд­ба­шки­те ве­шти­ни вр­шеј­ќи упад во ре­дак­ци­ја­та на „Ре­пуб­ли­ка“ за да ис­пра­ти за­ка­на за ли­кви­да­ци­ја до на­ши­от ко­лум­нист Ни­ко­ла Ср­бов. Очиг­лед­но, овој мра­чен лик од уште по­мрач­но­то ма­ке­дон­ско ми­на­то сѐ уште мис­ли де­ка жи­вее во вре­ме­то во кое за­ка­ни­те, ли­кви­да­ци­и­те и из­жи­ву­ва­ња­та со не­и­сто­мис­ле­ни­ци­те беа не­го­во се­којд­не­вие.

За по­тсе­ту­ва­ње, Ба­ба­нов­ски при­дру­жу­ван од уште еден чо­век, во сре­да­та поп­лад­не упад­на во про­сто­ри­и­те на „Ре­пуб­ли­ка“ и ис­пра­ти за­ка­ни по жи­во­тот на Ср­бов со збо­ро­ви­те: „По из­бо­ри­те на 12 де­кем­ври, ка­же­те му на Ср­бов де­ка ќе за­вр­ши на Дрис­ла“.

Ба­ба­нов­ски, ина­ку лу­стри­ран ка­ко по­ра­не­шен функ­ци­о­нер на тај­ни­те служ­би, ве­ро­јат­но ре­а­ги­ра на нас­лов­ни­от текст на 218. број на не­дел­ни­кот „Ре­пуб­ли­ка“, со нас­лов „Мрач­ни ли­ко­ви за мрач­ни сце­на­ри­ја“.

Во од­нос на овој очиг­лед­но до­бро исп­ла­ни­ран ин­ци­дент, ка­ко гла­вен и од­го­во­рен уред­ник на не­дел­ни­кот „Ре­пуб­ли­ка“ са­кам да го из­ве­стам до­тич­ни­от гос­по­дин де­ка слу­ча­јот е при­ја­вен во по­ли­ци­ска­та ста­ни­ца „Цен­тар“, ка­де што е ре­ги­стри­ран, а из­ве­сте­ни се и си­те ре­ле­вант­ни но­ви­нар­ски ор­га­ни­за­ции и прет­став­ни­ци на дип­ло­мат­ски­от кор во Ма­ке­до­ни­ја.

Во исто вре­ме, од мое лич­но име и во име на не­дел­ни­кот „Ре­пуб­ли­ка“, са­кам да му го по­ра­чам след­но­во:

ivan-babanovski

Гос­по­ди­не Ба­ба­нов­ски,

По­ми­на вре­ме­то во кое вие и ва­ши­те со­ра­бот­ни­ци го пла­ше­вте, ма­че­вте и ли­кви­ди­ра­вте се­кој не­и­сто­мис­ле­ник, про­тив­ник на то­гаш­ни­от си­стем, акти­вист за сло­бод­на и не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја. По­ми­на вре­ме­то во кое мрач­ни­те ли­ко­ви ка­ко вас ги ре­а­ли­зи­раа ва­кви­те мрач­ни сце­на­ри­ја и се изв­ле­ку­ваа од од­го­вор­ност. За раз­ли­ка од то­гаш, ко­га бла­го­да­ре­ние на служ­ба­та сте има­ле моќ да си по­и­гру­ва­те со чо­веч­ки жи­во­ти и суд­би­ни, де­нес би­де­те уве­рен де­ка не мо­же­те да се по­ви­ка­те ни­ту на мо­ќта на За­ев ни­ту на мо­ќта на ча­до­рот за да ги пра­ви­те исти­те зло­де­ла. Ед­но­став­но, ни­ту не­кој ви се пла­ши ни­ту не­кој мо­же да ве спа­си! Не­ка не ве за­ла­жу­ва ни­кој од ова по­ли­тич­ко-кри­ми­нал­но друш­тво де­ка на 12 де­кем­ври ќе се слу­чи не­што што ќе ви да­де мож­ност и си­ла да го ис­пра­ти­те Ср­бов или кој би­ло друг во „Дрис­ла“. На­про­тив, на 12 де­кем­ври ти и тво­ја­та бан­да ќе за­вр­ши­те на бу­ни­ште­то од исто­ри­ја­та, за­ед­но со се­то ва­ше ѓу­бре што го соз­да­до­вте во из­ми­на­ти­от пер­и­од. Да не те ла­же ѓа­во­лот ни­ту се­га, ни­ту на 12 де­кем­ври, по­втор­но да се приб­ли­жиш до на­ша­та ре­дак­ци­ја. Се­пак, ако мо­и­те збо­ро­ви не мо­жат да те пре­мис­лат, те со­ве­ту­вам след­на­та по­ра­ка до Ср­бов или до кој би­ло но­ви­нар или со­ра­бот­ник на „Ре­пуб­ли­ка“ да не ја ис­пра­ќаш на та­ков ку­ка­вич­ки на­чин пре­ку ко­ле­шки. Те охра­бру­вам да би­деш маж и да ме по­ба­раш ме­не ка­ко уред­ник или не­кој друг од­го­во­рен во ме­ди­у­мот за ди­рект­но да ни ја пре­не­сеш за­ка­на­та. Те уве­ру­вам де­ка ќе би­деш со­од­вет­но пре­че­кан и уште по­со­од­вет­но ис­пра­тен.

kol218-srvbov-1-2

Ка­ко Ср­бов го воз­не­ми­ри Ба­ба­нов­ски?

Во ко­лум­на­та од ми­на­ти­от број со нас­лов „Мрач­ни ли­ко­ви за мрач­ни сце­на­ри­ја“ на­ши­от ко­лум­нист Ни­ко­ла Ср­бов ана­ли­зи­ра де­ка се­гаш­на­та удар­на ту­па­ни­ца на СДСМ е со­ста­ве­на од ста­ри ка­дри од Служ­ба­та за др­жав­на без­бед­ност и по­ра­неш­ни ше­фо­ви на ДБК. Ср­бов по­тсе­ту­ва де­ка „овие ка­дри во прет­ход­ни­от си­стем и во де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век беа но­си­те­ли на иде­ја­та за уни­шту­ва­ње на сè што зна­чи ВМРО, а де­нес се пос­ле­ден бе­дем на СДСМ за од­бра­на на оваа се­дум­де­це­ни­ска ми­си­ја“.

Тој во­ед­но наг­ла­су­ва де­ка „во ма­ке­дон­ска­та ле­ви­ца, ко­ја има пол­на уста „де­мо­кра­ти­ја“, 90 про­цен­ти од лу­ѓе­то што ја во­дат кам­па­ња­та на СДСМ се лу­стри­ра­ни“.

Во де­лот од ко­лум­на­та по­све­тен на Ба­ба­нов­ски, Ср­бов пи­шу­ва:

„Иван Ба­ба­мов­ски, кој ве­ќе две го­ди­ни актив­но учес­тву­ва во соз­да­ва­ње­то на кри­за­та во ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво, сво­ја­та ка­ри­е­ра ка­ко опе­ра­ти­вец на УДБ ја поч­ну­ва со обра­бо­тка на иле­гал­ни гру­пи во СР Ма­ке­до­ни­ја, кои но­се­ле предз­нак ВМРО, па та­ка, ед­на од жр­тви­те на Ба­ба­мов­ски е Бо­рис­лав Гра­ди­шки, пред­вод­ни­кот на ор­га­ни­за­ци­ја­та „Бунт“. До­кол­ку мис­ли­те де­ка обра­бо­тка на иле­гал­ни гру­пи би­ла „ло­гич­на“ за тој пер­и­од и де­ка пре­ку неа се чу­вал ин­те­гри­те­тот на Фе­де­ра­ци­ја­та, мо­же­би ќе ве раз­у­бе­ди фа­ктот де­ка во бо­га­та­та ка­ри­е­ра на Иван Ба­ба­мов­ски ка­ко жр­тви ги на­о­ѓа­ме и Ан­те По­пов­ски и Га­не То­до­ров­ски, кои Ба­ба­мов­ски ги обра­бо­ту­вал пре­ку „Слав­јан“ – Сла­вко Ја­нев­ски. Ба­ба­мов­ски бил актив­но вклу­чен и во обра­бо­тка­та на ма­ке­дон­ски­от ди­си­дент Дра­ган Бог­да­нов­ски, кој ја пред­во­дел ДО­ОМ, а по­доц­на се ја­ву­ва ка­ко еден од ос­но­ва­чи­те на ВМРО-ДПМНЕ.“

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top