| четврток, 6 декември 2018 |

Брза храна и седум овошја: Што јадат новиот претседател Трамп и неговата прва дама

 

donald-tramp-jede-620x350

За разлика од нивните претходници, Барак и Мишел Обама кои јавно се залагаа за здрава исхрана, новиот американски претседател има поинакви навики кога станува збор за исхраната.

Американските магазини за време на кампањата објавија дека помеѓу Доналд и Меланија Трамп има голема разлика во исхраната, затоа што сопругата која е поранешна манекенка, отсекогаш била на строг режим со здрава храна, а повеќе пати има зборувано за нејзиното дневно правило според кое задолжително секој ден јаде седум парчиња различно овошје.

donald-tramp-melanija-tramp

Сепак, нејзиниот сопруг не ја прати во здравите навики и како што самиот признал, навлечен е на брза храна.

На ова негово тврдење, дел од корисниците на социјалните мрежи низ шега коментираа дека тој ќе го подигне холестеролот на Америка.

65

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top