Веста дека Доналд Трамп стана претседател на Америка, предизвика огромно внимание секаде во светот, а по тој повод се огласи и Јелена Карлеуша, која на свој начин ги прокоментира американските избори.
Јелена како и секогаш, не ја пропушти приликата да го изрази својот став за најмоќниот американски политичар, и да ја исплука Клинтон.
-Од двете американски зла, избрано е помалото. Хилари Клинтон го заговараше бомбардирањето на Србија и независно Косово. Како тоа некој од нас би го заборавил?, изјави Карлеуша за српски Телеграф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.