| четврток, 6 декември 2018 |

Планираше да дрибла од Америка до Бразил, но го згазна камион

Пред пет дена, Офф.нет ја објави веста за храбриот и необичен подвиг на Американецот Ричард Свонсон, кој реши пешки од далечниот Сиетл да стигне во Сао Паоло точно за почетокот на Светското фудбалско првенство во Бразил.

42-годишниот Американец ја загубил работата минатата година и немал доволно финансиски средства за да го оствари својот сон и да го гледа во живо најголемиот фудбалски настан, па решил да помине 16.000 километри низ 11 земји дриблајќи со специјална топка која не дише.

Но, на само две недели од почетокот на планираното долго патешествие, полицијата од Орегон соопшти дека во вторникот додека пешачел на автопат бил удрен од камион.

Веста за неговата смрт беше потврдена и на неговата фан страна на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top