| четврток, 6 декември 2018 |

Психијатриската болница во Демир Хисар ќе се унапреди според сите светски стандарди

Промовирајќи нови проекти во здравството, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, посочи на реконструкција на објектот на Психијатриската болница во Демир Хисар и реализација на втората фаза од целосната реконструкција и адаптација на објектот на Општа болница Кичево, како петти и шести проект посочени денеска. Реконструкција на објектот на Психијатриската болница во Демир Хисар е со цел унапредување на условите во установата според сите стандарди на болнички објекти од ваков карактер, рече Груевски.

– При проектирањето, особено внимание ќе се посвети на стандардите, со висок приоритет кон грижата за менталното здравје имајќи предвид дека тоа е една од клучните компоненти која директно влијае на успешноста во лекувањето. За оваа инвестиција се предвидени 24,6 милиони денари. Рокот на реализација е крај на 2017 година – рече Груевски. Со реализација на втората фаза од целосната реконструкција и адаптација на објектот на Општа болница Кичево, ќе се комплетира новиот болнички објект на површина од 7.000 квадратни метри, кој ќе содржи пет одделенија од секундарната здравствена заштита, десет специјалистички и четири дневни болници – нагласи Груевски.

-Само ќе напоменам дека објектот на Кичевската болница беше стар 80 години. Сега објектот се гради во согласност со најсовремените стандарди, со поставување нови современи лифтови, тоалет во секоја соба, простран паркинг-простор и целосно партерно уредување на околината на овој објект. Реконструкцијата ќе започне наредната година, а ќе заврши во 2019 година за што ќе бидат инвестирани 130 милиони денари – посочи Груевски на промоцијата на нови проекти во здравството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top