Итната евакуација на зградата Ер Србија во населбата Белвил, до која дошло утринава пред 10 часот, ги вознемирила вработените кои во рекорден рок ја напуштиле зградата.
Се дознава дека покрај евакуираната зграда, во соседната, се наоѓа станот на премиерот на Србија Александар Вучиќ.
Набрзо полицијата пронашла оружје во гаражата и експлозивни направи под автомобил кај зградата на Вучиќ.
Александар Вучиќ како што пренсуваат белградските медиуми, денеска не доаѓал на работа. Премиерот ги откажал сите состаноци, а според неговата советничка за медиуми, причината за неговото отсуство не се знае.
Службениците од Немањина 11 велат дека вакво нешто досега се нема случено, бидејќи премиерот секогаш инсистира на секојдневна работа и доаѓање на работа, дури и за време на викенд и често нагласувал дека не зема слободни денови, викенди или годишен одмор, повикувајќи ги неговите миистри да го следат неговиот пример.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста