Австралиските власти соопштија дека планираат да ја зацврстат својата строга политика кон бегалците, со тоа што на секој илегален мигрант, кој се обидел да стигне до брегот на земјата со пловен објект, ќе му биде забрането во иднина да ја посетува државата.
Претходната Влада на 13 јули 2013 година воведе забрана за бегалци, кои ќе пристигнат со чамци и бродови од пристаништа во Индонезија, да бидат прифатени во Австралија.
Премиерот Малколм Тарнбул изјави дека законот, кој оваа недела треба да биде доставен во Парламентот, предвидува на илјадници баратели на азил, кои се вратиле во своите матични земји на Блискиот Исток, во Африка и Азија, да им биде воведена доживотна забрана за патување во Австралија како туристи, за работа или како брачни партнери на австралиски државјани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.