| четврток, 6 декември 2018 |

Три месеци затвор за мажот кој злоставуваше продавачка во Кичево

НК КР Кичево поднесе кривична пријава против Х.М. (62) од Р.Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување.

На 19. овој месец, пријавениот влегол во продавница во Кичево и побарал да купи јакна. Во момент кога бил услужен од вработената, истиот и се доближил и почнал да врши полови дејствија, допирајќи ја по телото. Истата успеала да го оттурне од себе и се упатила кон помошната просторија на објектот, од каде земала нож со намера да се одбрани. Во тој момент од другата просторија излегла другата вработена, по што пријавениот излегол од продавницата и заминал во непознат правец. Набргу потоа истиот бил пронајден.

Од страна на Основен Суд Кичево на Х.М. му е одредена казна затвор во траење од три месеци и истиот е спроведен во КПД Идризово во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top