Во чест на денот на Македонската револуционерна борба, во Центарот за Култура Битола беше промовиран документарниот филм за македонскиот револуционер Георги Поп Христов.
Автор на документарниот филм е историчарот Ѓорги Чекутков, а продикција и техничка реализација монтажерската екипа на Тв Мега, наратр во филмот е Благоја Шаклевски.
Георги Поп Христов е македонски револуционер од битолското село Крстоар.Тој бил активен во редовите на ВМРО во сите фази на нејзината борба од 1896 до 1930 година.
Георги Поп Христов е активен во предилинденскиот период, илинденскиот период,периодот во балканските војни и Првата светска војна до 1930 година,што значи Георги Поп Христов има над 30 годишен револуционерн стаж.
Поп Христов одиграл круцијална улога во создавањето на револуционерната мрежа во Битолскиот револуционерен округ,по затворањето на Дамјан Груев како негов најблизок сореволуционерн бил и раководител на Округот, Во Илинденското востание Георги Поп христов бил назначен за началник на востаничкиот штаб во Леринско каде со своите чети се борел против турската восјка и башибузук и заедно со четата на Александар Турунџев и Михаел Чаков ја разрушиле леринската железничка станица во селото Екши су.
Од 1923 година повтрно со чета како деец на Автономистичката ВМРО на Тодор Александров влегува во Крлаството СХС и во Битолско заедно со Петар Шанданов, Крум Петишев и Пецо Трајков го возобновуваат Битолскиот револуционерен округ каде водат големи борби протв српските и грчки војски.
Од 1925 година на Шестито конгрес на ВМРО Георги Поп Христов е избран на конгресот во Горна Џумја за член ан ЦК на ВМРО заедно со Иван Михајлов и Александар Протогеров.Како член на ЦК на ВМРО Поп Христов повоторно со своите чеити делува во Битолскиот округ како негов раководител, каде формирал и разузнавачка мржа, истакна историчарот Ѓорги Чекутков.
Георги Поп Христов останува да живее во Буагрија каде умира на 20 февруари 1962 година.
– Целта и идеата ни е да изработиме документарни филмови за македонски револуционерни насловн како циклус од повеќе серии на документарни филмови за Битолскиот револуционерен округ, истакна Чекутков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
Погледнете како се пишува добар роман во „Работилница“