Откако 20-годишна туристка споделила слики од малото момче кое учело покрај МекДоналдс во Кебу, Филипини, засекогаш се променил неговиот живот.
Под двете фпотографии кои ги објавила на социјалните мрежи, таа напишала: „Денес ова мало момче ме инспирираше“, а откако нејзината објава стана вирална, телевизиската компанијата ABS-CBN го идентификувала 9-годишното момче по што започнале донациите на оние кои биле трогнати од фотографиите.
Даниел Кабрера бил пронајден близу ресторан каде живее со неговата мајка и брат. Мајката Еспиноса заедно со двете деца живее во самиот ресторан затоа што нивниот дом го изгубиле во пожар и дневно заработува околу 80 пезоси (или 1.77 долари дневно).
Малото момче често оди на училиште без храна и секоја вечер учи надвор на светлината која доаѓаат надвор од неонските светилки во ресторанот.
И покрај сите тешкотии, малиот Даниел вредно учи за да, како вели, стане полицаец како и неговиот татко кој починал.
-Сакам да и помогнам на мојата земја – вели Даниел.
Неговата мајка вели дека тој „напорно учи и е прилично одлучен во остварување на своите соништа“. Тој инсистирал да оди на училиште и без дневниот оброк.
-Постојано ми вели дека не сака да биде сиромашен и дека сака да ги оствари своите соништа – објаснува мајката на Даниел.
Откако фотографиите станаа вирални, Даниел и неговото семејство се преплавени со помош однадвор. Тој во неколку наврати има добиено училишни прибори, облека, униформи и светилка за да не мора да излегува надвор од својот дом и да учи.
Благодарение на Семјуел Пагдилао, тој сега има и стипендија со која може да се запише на факултет.
Дури и локалната црква и Центарот за социјална помош добиле донации благодарение на сликите од Даниел кој вредно учи пред неонските светилки.
Тој сега е симбол за сите оние деца во градот кои немаат можност да учат како резултат на сиромаштијата.
Младата девојка која ги објавила овие фотографии е пријатно изненадена, воодушевена и среќна што успеала без никакви очекувања да направи разлика во животот на ова мало момче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Старо верување: Знаете ли зошто не треба да чувате во домот фотографии на починатите?
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Изложба на фотографии под наслов „Во моите чевли“ во „Мала станица“
-
Супертајфунот уби 25 лица на Филипините, сега се упатува кон Хонг Конг (ФОТО)