| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас: На Грција ѝ е потребна ефикасна солидарност за решавање на проблемот со бегалците

ципрас3Грчкиот премиер Алексис Ципра ги повика земјите членки на ЕУ да покажат „ефикасна“ солидарност со Грција во решавањето на проблемот со бегалците, јави грчката агенција АНА-МПА.

– Грција го носи целиот товар од бегалскиот проблем, порача Ципрас на средбата на Евопскиот совет.

Според грчки владини извори, на синоќешниот прв дел од дводневниот Самит на ЕУ, Грција барала да биде постигнат миграциски договор меѓу членките на Унијата.

На средбата Ципрас истакнал дека од вкупно 66.000 бегалци што треба да бидат префрлени од Грција во другите земји-членки на ЕУ, досега се дислоцирани само 5.200.

– На Грција ѝ е потребна ефикасна солидарност за решавање на бегалскиот проблем и таа солидарност не треба да биде само ефикасна, туку и флексибилна – порачал Ципрас до своите колеги од ЕУ.

Тој побарал сите земји-членки да ги спорведуваат досега постигнатите договори околу бегалците, нагласувајќи дека ЕУ треба да ѝ даде јасен одговор на Турција во врска си визниот режим, со цел да не ѝ се даде повод на Анкара да се откаже од спогодбата со Унијата за запирање на емигрантскиот прилив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top