| четврток, 6 декември 2018 |

Повисок бод, поквалитетна здравствена заштита за осигурениците: Матичните лекари задоволни од соработката со ФЗОМ

Покачувањето на капитациониот бод за матичните лекари треба да овозможи поквалитетна грижа за здравјето на пациентите и затоа од 1 јули 2016 година Фондот за здравство го зголеми капитациониот бод за матичните лекари од 50 на 55 денари

Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски, имаше средби со матични лекари од неколку приватни лекарски ординации во Велес.  На средбите стана збор за новата мерка на Фондот за здравствено осигурвање на Македонија со која се зголеми капитациониот бод за матичните лекари од 50 на 55 денари, а се применува од 1 јули 2016 година, и која треба да резултирa сo подобрување на здравствената заштита на нашите осигуреници.

Покачувањето на капитациониот бод за матичните лекари има за цел да овозможи поквалитетна грижа за здравјето на пациентите. Средствата се обезбедени од буџетот на Фондот за 2016 година, а за оваа година ќе бидат исплатени околу 1 милијарда и 930 милиони денари за матичните лекари, накусо информираше директорот Стефаноски.

stefanovski

Сепак, ова зголемување е само една од мерките кои Фондот континуирано ги презема за обезбедување на  поквалитетна здравствена заштита. Од особено значење е фактот што 40 нови лекари од дејноста општа медицина склучија договор со Фондот, што значи поголема здравствена заштита за нашите осигуреници.  Ова е истовремено и стимул за лекарите да вложат во своите ординации и да обебзедат поквалитетна здравствена заштита за нашите осигуреници.

 

Лилија Чолакова Дервишова, доктор специјалист по семејна медицина ја истакна важноста од професионалниот однос што Фондот за здравствено осигурување го негува со матичните лекари, но и слухот што го има за потребите на лекарите.

Овие мерки се преземаат со цел да обезбедат добри услови за работа на здравствените работници, кои ќе бидат помотивирани да се грижат за здравјето на осигурениците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top