| четврток, 6 декември 2018 |

Место решение, Катица станува извор на криза

 

Ненад Мирчевски

Ненад Мирчевски

 

Ка­ти­ца Ја­не­ва без срам и пер­де приз­на де­ка Ед­монд Те­мел­ко бил про­тив­прав­но ли­шен од сло­бо­да на неј­зи­но ба­ра­ње. Спо­ред неа, тоа не би­ло ни­што страш­но за­тоа што би­ло „са­мо еден и пол час“. Во исто вре­ме, мош­не лу­ка­во, не про­пу­шти мож­ност да се огра­ди од од­го­вор­ност, а ви­на­та да ја пре­фр­ли на МВР, од­нос­но на ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на СДСМ Оли­вер Спа­сов­ски, кој во тоа вре­ме ја вр­ше­ше функ­ци­ја­та тех­нич­ки ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти. Еден ден, мно­гу ско­ро, Спа­сов­ски ќе мо­ра да од­го­во­ри пред су­дот да­ли тој на­ре­ди кид­на­пи­ра­ње на Те­мел­ко на ба­ра­ње на Ја­не­ва или не­кој друг?

Ка­ти­ца Ја­не­ва во исто­то ин­терв­ју јас­но и глас­но приз­на­ва де­ка ос­нов­на­та цел за ко­ја е фор­ми­ра­на ин­сти­ту­ци­ја­та што ја прет­ста­ву­ва е да открие кој и зо­што прис­лу­шу­вал. Ко­неч­но! Се­пак, не се при­тес­ну­ва да ка­же и де­ка сѐ уште е мно­гу да­ле­ку од тоа да да­де од­го­вор на ова пра­ша­ње. Фа­ктич­ки, сѐ што до­се­га на­пра­ви­ла во овој слу­чај е ос­ло­бо­ду­ва­ње на Ве­ру­шев­ски од при­твор (ба­ра­ње­то го под­не­се без во­оп­што да се за­поз­нае со слу­ча­јот). Зна­чи, по ед­на го­ди­на ра­бо­та Спе­ци­јал­но­то јав­но об­ви­ни­телс­тво, кое бе­ше фор­ми­ра­но со по­ли­тич­ки до­го­вор за да се ста­ви крај на кри­за­та, а со цел да ги рас­чи­сти ди­ле­ми­те око­лу прис­лу­шу­ва­ње­то, приз­на­ва де­ка не си ја ис­пол­ни­ло об­вр­ска­та иа­ко има­ше го­тов пред­мет за про­це­си­ра­ње, со еден куп се­ри­оз­ни до­ка­зи.

Вле­гу­вај­ќи од гре­шка во гре­шка, ме­сто ре­ше­ние, Ка­ти­ца ста­ну­ва по­вод за про­дол­жу­ва­ње на кри­за­та. Два ме­се­ца до из­бо­ри, ко­га ко­неч­ни вла­ста и опо­зи­ци­ја­та за­ед­но со дип­ло­ма­ти­те пис­ме­но по­твр­ди­ја де­ка се ис­пол­не­ти си­те ус­ло­ви за пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри, Ја­не­ва ин­си­сти­ра на но­ви за­кон­ски из­ме­ни и на но­ви ро­ко­ви за оправ­ду­ва­ње на сопс­тве­на­та не­ка­дар­ност. За по­тсе­ту­ва­ње, ла­ни, ко­га ја пре­зе­де функ­ци­ја­та, таа ре­че де­ка е свес­на за пре­диз­ви­кот и де­ка е спо­соб­на да ис­по­ра­ча ре­зул­та­ти во пред­ви­де­ни­те ро­ко­ви. Ду­ри се дрз­на да из­бр­ка од ти­мот две об­ви­ни­тел­ки со образ­ло­же­ние де­ка би­ле ви­шок, од­нос­но де­ка Об­ви­ни­телс­тво­то мо­же­ло ква­ли­тет­но да ја за­вр­ши ра­бо­та­та и без нив. Ло­ша про­це­на или евти­ни ла­ги?

Да­ли спе­ци­јал­на­та об­ви­ни­тел­ка не­ма по­им од об­ви­ни­тел­ска­та ра­бо­та (и по­крај тоа што таа за се­бе ве­ли де­ка има­ла од­лич­ни оцен­ки за ра­бо­та­та од ко­ле­ги­те) и не­ма ка­па­ци­тет да од­го­во­ри на пре­диз­ви­кот или, пак, свес­но ги зло­у­по­тре­бу­ва до­вер­ба­та и на­род­ни­те па­ри из­вр­шу­вај­ќи по­ли­тич­ка аген­да на об­ви­не­ти­от ко­го, всуш­ност, тре­ба да го го­ни во „Пуч“. А, мо­же­би и две­те.

Уште по­за­гри­жу­вач­ко е тоа што на си­те овие неј­зи­ни не­до­пуст­ли­ви гре­шки дип­ло­ма­ти­те, га­ран­ти­те на До­го­во­рот од Пр­жи­но, се пра­ват глу­ви и сле­пи за­гро­зу­вај­ќи го про­це­сот кој тре­ба да до­ве­де со сми­ру­ва­ње на кри­за­та. Пред три ме­се­ци, при по­се­та­та на Ма­ке­до­ни­ја, Ви­кто­ри­ја Ну­ланд по­ба­ра ед­на и единс­тве­на ра­бо­та: брз до­го­вор со кој ќе се обез­бе­дат ус­ло­ви за бр­зи из­бо­ри, на кои ќе се по­ја­ви и опо­зи­ци­ја­та. То­гаш, иа­ко имав ди­ле­ма да­ли оп­ти­миз­мот на Ну­ланд за из­бо­ри на­е­сен е ре­а­лен, со­се­ма бев си­гу­рен де­ка по­ја­ву­ва­ње­то на За­ев пред на­ро­дот и на­е­сен и во март в го­ди­на ќе би­де ви­стин­ска ка­та­стро­фа за опо­зи­ци­ја­та. Тоа го по­ка­жу­ваа(т) си­те ме­ре­ња на јав­но­то мис­ле­ње, а со тоа се за­поз­на­е­ни и пар­ти­и­те и ме­ѓу­на­род­ни­от фа­ктор.

Во мо­ја­та ко­лум­на од 19 ју­ли ги по­ста­вив след­ни­ве ди­ле­ми: „Зо­што За­ев ба­ра из­бо­ри за кои е све­сен де­ка ќе ги за­гу­би ко­га и да се слу­чат? Што е про­ме­не­то од пред еден ме­сец (ју­ни), освен што не е дел од вла­ста? Ка­де пре­ку ноќ ис­чез­наа 500.000 фан­том­ски гла­са­чи и да­ли по но­ви­от по­ли­тич­ки до­го­вор ме­ди­у­ми­те ќе би­дат „ос­ло­бо­де­ни од ре­жи­мот“?“

По по­се­та­та на Ну­ланд ста­на јас­но де­ка из­бо­ри ба­ра ме­ѓу­на­род­ни­от фа­ктор, а не За­ев, па од тие при­чи­ни пре­ду­пре­див:

„Јав­но­ста тре­ба да има пред­вид де­ка – ду­ри и да се по­стиг­не не­ка­ков нов до­го­вор, су­деј­ќи спо­ред прет­ход­но­то искус­тво, За­ев и СДСМ ќе на­пра­ват сѐ за да спре­чат одр­жу­ва­ње фер и де­мо­крат­ски из­бо­ри и за тоа по­втор­но ќе ја об­ви­нат ВМРО-ДПМНЕ. За вре­ме на пре­го­во­ри­те ќе на­пра­ват, ду­ри и ќе ве­тат, сѐ за по­втор­но да вле­зат во не­ка­ков вид тех­нич­ка вла­да, но пра­ша­ње на вре­ме е ко­га по­втор­но ќе се пов­ле­чат од до­го­во­ре­но­то и ќе поч­нат да го ос­по­ру­ва­ат одр­жу­ва­ње­то на из­бо­ри­те.

Пр­ва­та оп­ци­ја е тоа да го на­пра­ват пред по­че­то­кот на из­бор­на­та кам­па­ња, а вто­ра­та е да ре­шат да из­ле­зат на из­бо­ри, но на де­нот на гла­са­ње­то да пре­диз­ви­ка­ат ин­ци­ден­ти, со што би ги ди­скре­ди­ти­ра­ле из­бор­ни­те ре­зул­та­ти.

И во два­та слу­ча­ја цел­та на опо­зи­ци­ја­та е да се про­дол­жи ве­кот на тех­нич­ка­та вла­да по се­ко­ја це­на, а со тоа и СДСМ на власт. Со тоа кри­за­та ќе се од­ло­жу­ва до не­дог­лед, а на Ка­ти­ца ќе ѝ се да­де до­пол­ни­тел­но вре­ме за да ја спро­ве­ду­ва ин­кви­зи­ци­ја­та. Пла­те­ни­ци­те ќе мо­жат да се на­де­ва­ат на но­ви хо­но­ра­ри, а кри­ми­нал­ци­те да ужи­ва­ат во безв­ла­сти­е­то и во бла­го­да­ти­те на „ре­во­лу­ци­ја­та“.

От­ту­ка, сло­бод­но мо­же да се зак­лу­чи де­ка тре­ти­от обид за пред­вре­ме­ни из­бо­ри пред по­че­то­кот на зи­ма­та мо­же да ус­пее са­мо ако ме­ѓу­на­род­ни­от фа­ктор е искре­но за­ин­те­ре­си­ран да се ста­ви крај на кри­за­та и ако го убе­ди За­ев де­ка не­ма друг из­бор освен да се со­о­чи со ре­ал­но­ста.“

За­ев и не­го­ви­те со­ра­бот­ни­ци и со­вет­ни­ци се кни­га ко­ја мно­гу лес­но се чи­та. Нив­ни­те очај­ни по­те­зи се мно­гу очиг­лед­ни и лес­но пред­вид­ли­ви ду­ри и за тие што не се ди­рект­ни учес­ни­ци во по­ли­тич­ки­те пре­го­во­ри и до­го­во­ри. На тоа што ќе тре­ба да се обр­не вни­ма­ние е да­ли ВМРО-ДПМНЕ и гра­ѓа­ни­те ќе доз­во­лат по трет­пат да би­дат из­ма­ме­ни и ќе доз­во­лат кри­за­та це­лос­но да ја уни­шти др­жа­ва­та, од­нос­но да­ли ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца овој пат цвр­сто ќе оста­не на збо­рот и искре­но ќе по­мог­не да из­ле­зе­ме од ќор-со­ка­кот. Зак­лу­чо­ци по овие пра­ша­ња не­ма да мо­же­ме да до­не­се­ме мо­же­би и до са­ми­от крај на го­ди­на­ва, ду­ри и да се слу­чат из­бо­ри­те на 11 де­кем­ври.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top