| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје се трча маратон

Речиси 5.000 учесници ќе има на стартот на деветтиот Скопски маратон кој денеска од 9 часот  се трча низ улиците на македонската престолнина. На маратонот, освен спортскиот дел, најавени се многу наградни игри од страна на спонзорите на овој настан.

Покрај професионалците, тие што ќе се борат за победа на патеката долга 42 километри, на овој маратон, најавија учество и голем број личности од јавниот живот во Македонија. На полумаратонската трка (21 километар) ќе учествуваат манекенката и актерка Катерина Ивановска, како и актерот Гораст Цветковски, а во кратката трка на пет километри ќе трчаат Мартин од Некст Тајм и пејачката Викторија Лоба., водителите Жарко Димитриоски и Бона Пауновска, спортскиот новинар Марјан Ников, како и многу други.

Стартот на трката е  на улицата „Димитрије Чуповски“ во близина на Рекорд, а финишот кај портата Македонија, на Плоштадот во Скопје. Град Скопје со соопштение објави дека од 07:30 до 14:00 часот режимот на сообраќај ќе биде изменет.

mkd-50249

Целосно затворени за сообраќај ќе бидат: улица „Димитрије Чуповски“, булевар „Илинден“, улица „Франклин Рузвелт“, улица „Војвода Васил Чакаларов“ (Адолф Циборовски), булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „11 Октомври“, делот на булевар „Крушевска Република“ од семафорите кај Тутунски комбинат до семафорите кај Полициска станица „Пролет“, булевар „3-та Македонска бригада“ од семафорите кај Полициска станица „Пролет“ до крстосница со улица „Фрањо Клуз“, десната коловозна лента од булевар „Јане Сандански“ од Тобако во правец кон Аеродром, се до крстосница со булевар „Србија“.

Делумно затворени за сообраќај ќе бидат: десната коловозна лента од булевар „Климент Охридски“ во правец од Матица до семафорите кај Влада, улица „Љубљанска“ во правец од бул.„Илинденска“ до семафорите кај булевар „Партизански одреди“,улица .„Московска“ во правец од булевар  „Партизански одреди“ до Студентски дом „Гоце Делчев“.

„Во согласност со променетиот режим на сообраќај, ќе биде променет и режимот на линиите на Јавниот градски превоз“, пишува меѓудруготo, во соопштението на Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top