| четврток, 6 декември 2018 |

Кардашијан открива нови детали за грабежот: Мислев дека ќе ме силуваат

По наподот и грабежот во Париз, истрагата открива нови детали од случајот.

Порталот ТМЗ пренесува дека за време на нападот Ким спиела во својата соба кога слушнала дека некој се обидува да влезе во нејзиниот апартман.

Со неа била и нејзината стилистка и долгогодишна пријателка Симон Хароуш, која реагирала брзо и се заклучила во една од бањите по што го викнала личниот телохранител на Ким, Паскал Дувиер. Тој во моментот на грабежот ги придружувал Кендал и Кортини во еден локален ноќен клуб.

Во меѓувреме маскираните крадци ја врзале Кардашијан за нозете и за рацете и ставиле лента на устата. Таа врескала и молела да и го поштедат животот бидејќи има две мали деца, по што ја заклучиле во бањата.

kim455

Кардашијан и раскажала на полицијата дека толку била исплашена дека ќе ја силуваат, што не можела да разбере што зборуваат нејзините напаѓачи на француски.

Сепак, за кратко сфатила дека се во потрага по прстен или поточно дека го бараат дијамантскиот прстен кој и е подарок од сопругот Каније Вест и чини 4, 5 милиони долари. Откако го земале прстенот и сиот преостанат накит, крадците заминале од местото на грабежот со велосипеди. Телохранителот Паскал стигнал во апартманот на Ким само неколку минути подоцна.

kim386

Кардашијан се врати во САД, Вест пак е бесен поради Tвитер реакциите кои следеа по грабежот, во кои многумина посакаа Ким да заврши мртва или силувана.

Иако џет сетот се обедини за да и ја даде неопходната морална поддршка, сепак се уште постојат илјадници кои и посакуваат се најлошо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top