Шкендија го изненади лидерот Турново, одигра нерешено 1-1, а Вардар го искористи киксот на водечката екипа и со победа против Ренова со 3-1, се врати на челната позиција. Јован Костовски со блиц-криг и два гола од 6. до 10. минута најави рутинска победа на „црвено-црните“ од Скопје, а Филип Петров во финишот на првиот дел ја завери победата на шампионот. Вулнет Емини во 52. минута го постигна почесниот погодок за Ренова. Вардар е прв со 58 бода, еден повеќе од Турново.
Во премиерниот меч од 29. коло, турновци не успеаја да го скршат отпорот на Шкендија, иако поведоа со 1-0 во 70. минута со голот на Балдовалиев, но радоста траеше само 120 секунди, бидејќи Реџепи израмни на 1-1, што беше и конечен резултат. Утре се играат останатите натпревари од колото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


