| четврток, 6 декември 2018 |

350.000 незаконски изборни ливчиња во Бугарија

Бугарското обвинителство oткрило 350.000 гласачки ливчиња кои не припаѓаат во предвидениот законски број на гласачки ливчиња за утрешните парламентарни избори. Тие биле пронајдени во печатницата „Мултипринт“ во градот Костинброд, која претходно ги испечати гласачките ливчиња порачани од бугарските власти.  јавното обвинителство добило дојава и веднаш наложило да се изврши проверка на печатницата и да  се испитаат сведоци.

– Во складовите се откриени над 350.000 испечатени и подготвени ливчиња за гласање на предвремените парламентарни избори – се вели во соопштението објавено на сајтот на Обвинителството.

Лидерот на опозиционата Социјалистичка партија Сергеј Станишев изјави дека е откриена подготовка за изборен фалсификат. Наведениот број на ливчиња е 10 отсто од очекуваната излезност на утрешните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top