| четврток, 6 декември 2018 |

Oмразата е единствена силна карта на опозицијата

Дла­бо­ка­та по­де­ле­ност ме­ѓу гра­ѓа­ни­те, ма­ли­от број не­о­пре­де­ле­ни гла­са­чи, дла­бо­ки­те по­ли­тич­ко-ет­нич­ки ѕи­до­ви зад кои жи­ве­ат Ал­бан­ци­те (кои и овој пат ќе го да­дат сво­јот глас на „сво­и­те“) не се единс­тве­ни­те проб­ле­ми за опо­зи­ци­ја­та пред ре­фе­рен­дум­ско из­јас­ну­ва­ње. Глав­ни­от проб­лем е тоа што, из­го­ре­ни од не­кол­ку прет­ход­ни „го­ле­ми про­ме­ни“ (Об­но­ва­та на Ма­ке­до­ни­ја од Де­мо­крат­ска­та ал­тер­на­ти­ва на Ту­пур­ков­ски во 1998 го­ди­на е ед­на од тие из­ма­ми), гра­ѓа­ни­те ве­ќе не ве­ру­ва­ат во праз­ни збо­ро­ви ду­ри ни ко­га се уба­во спа­ку­ва­ни

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

До­де­ка на­ро­дот се за­ба­ву­ва со „чо­ра­по­га­шти­те“ (ху­ла­хоп­ки на бу­гар­ски) на спе­ци­јал­на­та об­ви­ни­тел­ка Ка­ти­ца Ја­не­ва, ко­ја со кри­е­ње на тро­шо­ци­те на СЈО про­пу­шти да го зас­лу­жи име­то јав­на, ми­ну­ва­ат клуч­ни де­но­ви во кои СДСМ има­ше мож­ност да ја свр­ти исто­ри­ја­та во свој пра­вец. Но, ка­ко што ѝ се слу­чу­ва пре­че­сто на нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја во пос­лед­ни­те го­ди­ни, таа по­втор­но ре­ши на­ме­сто на на­ро­дот, да се пот­пре на стран­ци­те кои од 2006 го­ди­на на­ва­му не но­сат по­бе­да, на „бом­би­те“ кои не ус­пе­а­ја да ги про­ме­нат пар­ти­ски­те реј­тин­зи и на Ја­не­ва од ко­ја се оче­ку­ва со кри­вич­ни при­ја­ви да ја до­не­се вто­ра­та по­бе­да на СДСМ во не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја.

За по­тсе­ту­ва­ње, до­се­га на пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри СДСМ има по­бе­де­но са­мо во 2002 го­ди­на. На пр­ви­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри во 1990 го­ди­на то­гаш­ни­от СКМ-ПДП бе­ше вто­ра пар­ти­ја, зад ВМРО–ДПМНЕ, а на вто­ри­те во 1994 го­ди­на СДСМ по­бе­ди без учес­тво на опо­зи­ци­ја­та ко­ја ги бој­ко­ти­ра­ше из­бо­ри­те. Од 2006 го­ди­на на­ва­му СДСМ гу­би на си­те три во­нред­ни пар­ла­мен­тар­ни из­јас­ну­ва­ња.

Ге­не­за­та на ка­та­стро­фал­ни­те ре­зул­та­ти на опо­зи­ци­ја­та во пос­лед­ни­те 10 го­ди­ни мо­же да се ба­ра во на­чи­нот на кој вла­дее ВМРО–ДПМНЕ, и тоа е ле­ги­тим­но. СДСМ мо­же да се жа­ли на од­не­су­ва­ње­то на вла­ста, на лан­ски­от снег, на гло­бал­но­то за­топ­лу­ва­ње, но ако се ви­дат ре­зул­та­ти­те од си­те из­бо­ри во пос­лед­ни­те 26 го­ди­ни, ќе се ви­ди де­ка се ра­бо­ти за си­стем­ски гре­шки и сла­бо­сти по­ра­ди кои Ма­ке­до­ни­ја по­втор­но, нај­ве­ро­јат­но, ќе оста­не без со­од­вет­на опо­зи­ци­ја.

kol213-2-2

Об­је­ктив­но, 100 де­на е мно­гу мал­ку вре­ме за да се сме­ни оп­шта­та сли­ка за кој би­ло по­ли­тич­ки фа­ктор во зем­ја­ва. Тие што ве­ру­ва­ле де­ка ВМРО-ДПМНЕ гра­ди и ра­бо­ти, по­втор­но ќе ве­ру­ва­ат во исто­то, тие што мис­лат де­ка пар­ти­ја­та што е на власт е кри­ми­нал­на гру­па, не­ма да го про­ме­нат сво­јот став. За жал на СДСМ, тие што ве­ру­ва­ле де­ка СДСМ е им­по­тент­на пар­ти­ја што не знае што да пра­ви по из­бо­ри­те, пак ќе ве­ру­ва­ат во исто­то без раз­ли­ка што ќе ка­жат неј­зи­ни­те прет­став­ни­ци во из­бор­на­та кам­па­ња. Пра­ктич­но, единс­тве­на­та сил­на кар­та на опо­зи­ци­ја­та е омра­за­та што по­стои ме­ѓу на­ро­дот, но таа, спо­ред ан­ке­ти­те, не мо­же да ги сме­ни глав­ни­те по­ли­тич­ки трен­до­ви.

СДСМ ни­ко­гаш не ја на­у­чи лек­ци­ја­та од не­го­ви­от ли­дер и пре­ми­ер на из­бо­ри­те во 2006 го­ди­на, Вла­до Буч­ков­ски, кој на 10 де­на пред из­бо­ри­те ве­ти зго­ле­му­ва­ње на пен­зи­и­те за 10 про­цен­ти отка­ко прет­ход­но че­ти­ри го­ди­ни им на­ма­лу­ва­ше по 8 про­цен­ти од то­гаш да­ле­ку по­ма­ли­те пен­зии. Слу­чај­но или не, тие 8 про­цен­ти за пен­зи­о­не­ри­те во сво­јот ман­дат ка­ко ми­ни­стер за фи­нан­сии ги одо­бри чо­ве­кот што се­га ќе ја во­ди из­бор­на­та кам­па­ња на вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја, Ни­ко­ла Гру­ев­ски.

Слу­ча­јот со ве­ту­ва­ње­то на Буч­ков­ски и по­ра­зот на пар­ти­ја­та што ја пред­во­де­ше е нај­до­бар при­мер за тоа кол­ку ма­ке­дон­ски­те гла­са­чи се свес­ни за ла­ги­те и за лаж­ни­те ве­ту­ва­ња на по­ли­ти­ча­ри­те и ве­ру­ва­ат са­мо ко­га ќе ви­дат ре­зул­та­ти. За жал на ма­ке­дон­ска­та де­мо­кра­ти­ја, на ко­ја одам­на ѝ не­до­сти­га сил­на и енер­гич­на опо­зи­ци­ја што ќе се бо­ри со про­гра­ма, гра­ѓа­ни­те ве­ќе не слу­ша­ат ни оби­ди за ла­ги, а уште по­мал­ку кон­крет­ни и ре­ал­ни пла­но­ви кои мо­жат да им го по­до­брат жи­во­тот.

Сте чу­ле ли не­ка­де ка­ко СДСМ, ако по­бе­ди, ќе ја на­ма­ли не­вра­бо­те­но­ста, ка­ко ќе го зго­ле­ми на­та­ли­те­тот, ка­ко ќе ја на­ма­ли ми­гра­ци­ја­та, ка­ко ќе ги зго­ле­ми стран­ски­те ин­ве­сти­ции или ка­ко ќе го зго­ле­ми стан­дар­дот на гра­ѓа­ни­те? Та­кви ре­ше­ни­ја не­ма ни за лек и за­тоа гра­ѓа­ни­те мо­ра да ре­ша­ва­ат пре­ку ана­ло­ги­ја со тоа што го гле­да­ат ка­ко ре­ше­ни­ја на опо­зи­ци­ја­та. Ако се су­ди спо­ред ме­ди­ум­ски­те ре­ше­ни­ја што ги на­мет­на СДСМ за об­је­ктив­но ло­ша­та со­стој­ба во ме­ди­ум­ски­от про­стор, не мо­же­ме да оче­ку­ва­ме на­пре­док на ни­ед­но по­ле.

Име­то е нај­до­бар по­ка­за­тел за ши­зо­фре­ничка­та по­ли­ти­ка на СДСМ

Стра­те­зи­те на опо­зи­ци­ја­та се ла­жат ако мис­лат де­ка пре­ку нив­ни­те не­де­фи­ни­ра­ни по­ли­ти­ки се ми­ну­ва лес­но, па ду­ри и ко­га има го­ле­ми при­чи­ни за не­за­до­волс­тво од вла­ста. Гра­ѓа­ни­те ду­ри и ко­га не зна­ат точ­но да ги об­јас­нат ра­бо­ти­те, ду­ри и ко­га не­ма­ат со­од­вет­ни ин­фор­ма­ции, точ­но зна­ат ка­де не­што не е ка­ко што тре­ба, и врз ос­но­ва на тоа го да­ва­ат сво­јот глас. А, нај­до­бар при­мер за ло­ша­та по­ли­ти­ка ко­ја на из­бо­ри мо­же да ги чи­ни де­се­ти­ци ил­ја­ди гла­со­ви е пра­ша­ње­то за име­то.

СДСМ со го­ди­ни не мо­же да се ре­ши да­ли ВМРО-ДПМНЕ тре­ба да пре­го­ва­ра за име­то или, пак, тре­ба да се др­жи до цр­ве­ни­те ли­нии за иден­ти­те­тот. Ко­га мис­ли де­ка мо­же да до­бие не­кој по­ен по­ве­ќе кај јав­но­ста, по­сто­ја­но го об­ви­ну­ва Гру­ев­ски де­ка пре­го­ва­рал со Гр­ци­ја со цел да го про­ме­ни устав­но­то име. Ко­га е под при­ти­сок од стран­ци­те, то­гаш Гру­ев­ски се об­ви­ну­ва за не­по­пуст­ли­вост и не­ма­ње жел­ба да го ре­ши име­то. Ко­га ќе чуе де­ка се во­дат пре­го­во­ри, вед­наш се ва­дат при­каз­ни за на­ци­о­нал­но пре­дав­ство.

По­зи­ци­и­те се ме­ну­ва­ат од ден во ден, од не­де­ла во не­де­ла. Еден ден Гру­ев­ски е пре­дав­ник за­тоа што во Бу­ку­решт (а та­му бе­ше и Цр­вен­ков­ски) се сог­ла­сил да вле­зе­ме во НА­ТО под ФИ­РОМ, а ве­ќе на­ред­ни­от ден, ако на од­го­вор­ни­те за над­во­реш­на по­ли­ти­ка на „Па­вел Ша­тев“ им се со­ни друг филм, Гру­ев­ски е нај­го­ле­ма при­чи­на за не­ре­ша­ва­ње на спо­рот со Гр­ци­ја и бло­ка­да­та во НА­ТО и во ЕУ за­тоа што не е кон­стру­кти­вен.

Исти­те тие што од не­за­вис­но­ста (освен во пер­и­о­дот 2008-2012) имаа це­ли 12 го­ди­ни да го ре­шат спо­рот и тоа во окол­но­сти што беа да­ле­ку по­бе­ниг­ни од се­гаш­ни­ве, се­га во за­вис­ност од де­нот и од на­рач­ки­те об­ви­ну­ва­ат за пре­дав­ство или за не­по­пуст­ли­вост. За жал, оваа ши­зо­фре­нич­ка си­ту­а­ци­ја не е са­мо за име­то, кое, се­пак, е ед­но од цен­трал­ни­те пра­ша­ња. Ва­кви се по­зи­ци­и­те и во зем­јо­делс­тво­то, суб­вен­ци­и­те, за­дол­жу­ва­ње­то, од­но­си­те со со­се­ди­те, стран­ски­те ин­ве­сти­ции, по­ли­тич­ки­от си­стем, пра­ша­ње­то за пра­ва­та на мар­ги­нал­ни­те гру­пи и мно­гу дру­ги важ­ни пра­ша­ња. Во нив не­ма кон­стант­ност во ста­во­ви­те и јас­на по­зи­ци­ја што ќе пра­ви опо­зи­ци­ја­та ако дој­де на власт. А, гра­ѓа­ни­те са­ка­ат да зна­ат на што се, осо­бе­но ако прет­ход­но не­кол­ку па­ти ве­ќе би­ле су­ро­во пре­ла­жа­ни.

(Текст објавен во 213. број на неделникот Република, 30.09.2016)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top