| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал, првотимец на ПСЖ доби затворска казна

serz-orie

Според судските власти во Франција, играчот на ПСЖ, десниот бек Серж Орие во мај оваа година најпрвин вербално, а потоа и физички нападнал униформирано лице откако направил неред во еден ноќен клуб.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска од првостепениот суд доби казна од нешто повеќе од две илјади евра, но и затворска казна од два месеца.

Адвокатите на фудбалерот веднаш вложиле жалба на пресудата и затоа е одложено одлежувањето на затворската казна, но ако второстепениот суд ја потврди првичната пресуда, тогаш Орие ќе мора да замине зад решетки.

Играчот на ПСЖ и порано имаше неколку испади по кои беше суспедниран од клубот. Првин го нарече тогашниот тренер Лоран Блан хомосексуалец, а на почетокот на годината доби и три месеци забрана за управување на возило поради немање возачка дозвола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top