| четврток, 6 декември 2018 |

Интересен договор меѓу Симеоне и Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид имаа договор со тренерот Диего Симеоне до јуни 2020 година, но според мадридските весниците, спогодбено го скратиле важност до јуни 2018 година.

Атлетико и Аргентинецот се договориле да му биде зголемена платата. Популарниот Чоло дојде во Атлетико Мадрид во 2011 година и во 2014 година со Атлетико ја освои титулата во Шпанија, а двапати играше финале во Лигата на шампионите и двапати загуби од Реал Мадрид.

Симеоне со Атлетико го освои и трофеј во домашниот Куп на Кралот, Суперкупот на УЕФА, Суперкупот на Шпанија и титулата од Лигата на Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top