В петок, 16 септември од печат излегува преводот на романот „Календарот на Маите“ на хрватскиот автор Зоран Фериќ, Роман на годината во Хрватска за 2012 година.
Се работи за 131. издание во популарната едиција ПРОаЗА на издавачката куќа „Или-или“, чиешто излегување е дел од проектот „Креативна Европа“ на Европската унија. Преводот од хрватски јазик е на Катица Гароска Ацевска.
„Календарот на Маите“ е роман за љубовта, но и за староста, за минливоста на времето. За насловот, авторот бил инспириран од романот „Под вулканот“ од англискиот автор Малколм Лаури, кој зборува за елиптичноста и релативноста на времето и во него впишаните животни судбини. Календарот е симбол на двојственостa што времето во својата минливост, во своето течение и во новото започнување, секогаш ја подразбира. Во верзијата на Фериќ тоа е приказна која жанровски покрива разнолико подрачје, тоа е семејна сага, љубовен, еротски, општествен роман, роман за убавината и за ужасот, за сѐ она што на овој или оној начин го дефинира животот на човекот. Или да се „заузди“ смртта, што е еден од лајтмотивите на Фериќ.
Зоран Фериќ (1961) е еден од најчитаните хрватски писатели од помладата генерација, кој со својот стил и искреност ги одушевува читателите уште со својата прва збирка раскази „Стапица за Волт Дизни” (1996). Потоа следи збирката раскази „Ангел во офсајд”, за која ја добива наградата на „Јутарњи лист“ за најдобро прозно дело за 2000 година, како и наградата за проза „Ксавер Шандор Ѓалски”. Првиот роман со наслов „Смрт на девојчето со кибритчиња“ го објавува во 2002 година. Целиот роман делува како мозаик на бизарни раскази кои би можеле одделно да се читаат. Својот втор роман „Децата на Патрас“ (2005) самиот автор го опишува како комбинација на љубовна приказна и семеен трилер.
Во 2011 излегува романот „Календарот на Маите“, кој, според Јутарњи лист лист, е хрватски Роман на годината за 2012. Книгата ги добива и наградите „Киклоп“ и „Владимир Назор“, како и наградата за книжевност на Град Загреб.
Неговиот најнов роман „Самотно близу море“ (2015) раскажува за страстите на социјалистичките плажи.
Работи како професор по хрватска книжевност во гимназија во Загреб, а активен е и како колумнист во весникот „Национал“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст