Првата дама на САД, Мишел Обама се појави во улога на помошник водител на телевизиското шоу на Елен де Џенерис. Таму таа говореше за тоа колку тешко ќе им биде на нејзините две ќерки да ја напуштат на Белата куќа, каде што практично израснале.
– Девојчињата велат дека се подготовени да се збогуваат со Белата куќа, но реално, тешко е да го напуштиш местото на кое си израснал – изјави Мишел Обама.
Првата дама рече и дека на нејзиното семејство ќе му недостига целиот тамошен персонал, кој помогнал за израснувањето на 18-годишната Малија и 15-годишната Саша. Таа додаде и дека заедно со Барак ги насочувале своите деца да ги запомнат моментите во коишто уживале и тие и целото семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Тројца војници отстранети од должност во Белата куќа поради „несоодветен контакт со странки“
-
Татко на пет ќерки: Кои се советите за излегување со неговите ќерки?
-
Не сум за наместени работи-Здравко Чолиќ објасни зошто не се појавува со ќерките