| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдињо пуштил стомаче, ама не заборавил да дрибла (видео)

Бразилскиот ас Роналдињо има 33 години, пуштил и „стомаче“, ама уште еднаш покажа дека е виртуоз со топката и дека е еден од најдобрите техничари на планетата. Со неколку мајсторски дриблинзи, играчот на Атлетико Минеиро си поигра со противниците од Сао Паоло и вистинска штета е што маестралната акција не ја заврши со погодок. Неговиот Атлетико и Сао Паоло играа натпревар од Либертадорес-купот, што е пандан на Лигата на шампионите во Европа.

Погледнете ја соло-акцијата на Роналдињо…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top