Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер денеска предупреди дека во Германија се наоѓаат над 500 исламистички екстермисти кои би можеле да извршат напади, како поединици или како членови на некои групи.
– Моментално во Германија се наоѓаат најмалку 520 потенцијални напаѓачи, изјави Мезиер во интервју за „Билд“, предупредувајќи дека тој број е поголем од кога било.
Де Мезиер нагласи дека уште 360 релевантни лица се познати на полицијата поради непосредна близина со потенцијални напаѓачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.