| четврток, 6 декември 2018 |

Изградба на мост во Мралино

Во рамките на проектот „Изградба и санација на 10 мостови“, на влезот во населено место Мралино, на улица „1“, во општина Илинден, во тек е изградба на армирано-бетонски плочест мост со должина и со широчина од осум метри. Коловозот ќе бид широк шест метри, а од двете страни на коловозот ќе бидат изградени тротоари со широчина од по еден метар.

Вкупната инвестиција за реализацијата на овој проект изнесува четири милиони денари, средства обезбедени од буџетот на општина Илинден.

Новиот мост, како што информираат од општина Илинден, се гради на местото на стариот и дотраен руиниран премин, кој го спречуваше нормалниот проток на атмосферски води од постојниот канал и беше пречка за нормалното одвивање на сообраќајот.

Со изградбата на мостот покрај поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, се овозможува непречен проток на атмосферските води, со што ќе се намали можноста за настанување на поплави и ќе се обезбеди чиста животна средина, која е еден од условите за квалитетен живот на населението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top