Свесен дека веќе „му потонаа сите бродови“ и дека е сѐ поблизу денот кога ќе мора да се збогува со лидерската позиција во СДСМ, а потоа и да одговара за целиот криминал што го направи изминатите години, Зоран Заев реши да го стави на маса последниот влог – судбината на партијата што ја води.
На претстојните предвремени парламентарни избори од кои Заев ужасно се плаши, според сите анкети и очекувања, СДСМ ќе претрпи уште еден тежок пораз. Прашањето дали и како социјалдемократите ќе успеат да го освојат мнозинството веќе воопшто не се разгледува ниту на Павел Шатев. Во моментов двете главните дилеми на актуелното раководство на партијата се: прво, како по изборите да се убедат членството, симпатизерите и, за нив, многу важните „надворешни пријатели“ дека СДСМ е жртва на уште еден изборен грабеж и второ, како да се задоволат мршојадците гладни за власт, меѓу кои и тие самите, а притоа да не се изедат меѓу себе?
Впрочем, за решавање на првата дилема уште отсега опозициските медиумски труби и Соросови платеници создаваат клима за недоверба во изборните резултати оспорувајќи ја веродостојноста на избирачкиот список и постојано одржувајќи го на површина прашањето за медиумите, и покрај тоа што лидерот на СДСМ потпиша документ со кој потврдува дека се исполнети условите за фер и демократски избори. Како што ќе се приближува денот на изборите, очекувано, обвинувањата ќе се засилуваат, за по изборниот пораз да се искористат како импулс за нова криза.
Втората дилема е не помалку сериозна и важна за иднината на Зоран Заев и за неговите најблиски соработници. Актуелното раководство на партијата е свесно дека мора да ги задоволи ниските страсти на главните Соросови платеници со надеж дека ќе ја купат нивната поддршка и по изборите. Од друга страна, помина времето кога Заев на сите им ветуваше функции во замена за поддршка на улица. Сега е момент за израмнување на сметките. Проблемот е во тоа што многумина ќе мора да извисат. Прашање е само кои? Неизвесноста создава голема нервоза во целиот опозициски блок, која прераснува во јавни пресметки на социјалните мрежи и во меѓусебни расправии.
Врие меѓу измамените шарени раволуционери, кои веруваа дека излегуваат на улица за некакви промени, а не за добро да ситуираат пет-шест Соросови платеници. Врие и меѓу членството на СДСМ, кое се противи на радикализирањето на партијата и на коалицирањето со Сорос. Има искри и кај помалите коалициски партнери на СДСМ, кои сакаат и во иднина да имаат свои претставници во парламентот. Кулминацијата ќе биде следната недела, кога се очекува да почнат разговорите за поделба на пратеничките фотелји. Ќе биде интересно да се види дали Заев ќе ги жртвува Петковски и Жерновски за поддршката од Сорос?
Ивон Величковски веќе најави дека неговата Либерална партија ќе настапува самостојно на претстојните избори. Тито Петковски остави простор за натамошна соработка на НСДП и на СДСМ, но јавно му укажа на Заев да биде галантен со „шарените“ на своја сметка. Речиси во исто време се јави и Андреј Жерновски, кој отворено ѝ порача на опозицијата дека може да се надева на добар резултат само со квалитетен кадар и програма.
Кој со кого ќе коалицира, кој ќе добие, а кој ќе биде жртвуван во битката за малкуте пратенички места на кои смета опозицијата, останува да видиме во наредните недели. Епилогот од пазарот ќе има значајно влијание при пресметувањето на разликата од изборниот пораз, но и во одредувањето на судбината на Заев и на СДСМ, кој многу лесно може по изборите да ја доживее судбината на ПАСОК.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.