Популарниот социјален медиум „Пинтерест“ со помош на многу идеи, создаде свој сопствен дигитален дом од соништата за 2016 година – класично американски и впечатлив.
Стилот лесно се провлекува од една во друга соба. Високи столбови, еклектични декорации, ладна палета на бои, многу зеленило, извонредно осветлување како и нагласени парчиња на мебел.
Дом во винтиџ стил, со наизглед неспоиви додатоци за кујната и купатилото, додека дневната и спалната соба ги краси практичен и модерен изглед. Рустичниот древен под во кујната, создава контраст со атрактивно белите плакарчиња и заднината со циглите.
Конечно, плакарите под скалите, даваат изненадувачка нота што го дефинира најубавиот дом според Пинтерест за 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.