Владејачката партија ЦДУ на германската канцеларка Ангела Меркел доживеа пораз на изборите во северо-источната германска покраина Мекленбург – Западна Померанија, освојувајќи трето место, покажуваат излезните анкети.
Најдобар резултат остварија Социјалдемократите, додека на второ место е антиимиграциската и антиисламистичката Алтернатива за Германија, која првпат учествува на избори.
Според излезните анкети на телевизиите АРД и ЗДФ, Социјалдемократите освоиле околу 30 отсто гласови, АФД 21, додека ЦДУ 19 отсто, што е најлош резултат на демохристијаните во оваа покраина во која се наоѓа изборната едници на самата канцеларка Меркел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.