| четврток, 6 декември 2018 |

Објавен трејлерот за првиот македонски долгометражен анимиран филм „Џон Вардар против галаксијата“ (видео)

Македонската компанија „Линкс“ “студио за анимација по повод својот прв роденден, го објавија трејлерот за првиот долгометражен македонски анимиран филм „Џон Вардар против галаксијата“. Приказната ги следи авантурите на Џон Вардар, кој е киднапиран од вонземјани и е соочен со најмоќното оружје во универзумот вперено во неговата глава.

johnvardarposter

Илустрациите и дизајнот се на одличниот македонски уметник Михајло Димитриевски (Тхе Мичо), а идејата се родила уште во 2009 година.

Креативниот тим е предводен од Гоце Цветановски, кој се потпишува како режисер и сценарист, Михајло Димитриевски како уметнички директор и Бенџамин Хотон како главен за анимациите.

Филмот би требало да излезе во декември, 2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top