| четврток, 6 декември 2018 |

Тајна венчавка на либиски бизнисмен во Белград: Му гостувала пола естрада, паднал бакшиш од 11 000 евра

Ana-Nikolic-Rasta128

Ана Николиќ и нејзиниот сопруг Раста заедно со Андреана Чекиќ и Дара Бубамара биле специјални гости на венчавката на еден либиски бизнисмен во Белград, пишува Курир.рс.

Тие ги забавувале присутните со своите хитови, меѓу кои имало и уште многу други ѕвезди од српската естрада. Како што пишува медиумот, богатиот бизнисмен не жалел пари на големиот ден, а посебно добро поминала Дара која наводно добила цели 20 000 евра за својот настап, од кои половина биле бакшиш.

– Врв, знаеш ли колку бакшиш ми дадоа вечерва, 11 илјади евра… не ми се верува, и рекла Дара на една своја пријателка која вечерта била со неа.

Dara-Bubamara

Последни ресторанот го напуштиле Ана Николиќ и раперот Раста, од каде се упатиле кон еден ноќен клуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top