| четврток, 6 декември 2018 |

Поплави, одрони и оштетени патишта – Силно невреме ја погоди Словенија

slovenija

­ Големо невреме проследено со град ги зафати денеска попладне северните и североисточните делови на Словенија, а во текот на ноќта, според метеоролошките прогнози, ќе се прошири и низ поголемиот дел од земјата.

Словенечката Државна управа за заштита и спасување јави за поплави, одрони на земјиште и оштетени локални патишта на подрачјето на Словењградец и Шентиљ, додека во Марибор покрај поројниот дожд паѓал и град. Метеоролозите најавуваат дека во текот на ноќта Словенија повторно ќе биде зафатена од локална бура со поројни дождови, силни ветрови, а во некои места и град.

Невремето веројатно ќе ги зафати и останатите делови од земјата во правец на југоисток. Иако засега невремето се уште не се проширило кон Хрватска, анимацијата на радарските слики и врнежите на хрватскиот Хидрометеоролошки завод покажува дека бурата во вечерните часови се приближила и кон западните и северозападните делови од внатрешноста на Хрватска. Метеоаларм објави жолто предупредување поради можна бура во Меѓумурје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top