Директорот на „Минстрој“, Николај Валканов, посочи дека се почнува со инвестициски циклус од 20 милиони евра во рудниците „Злетово“ и „Тораница“, а најави дека на работа ќе се вртат сите 1.000 рудари кои останаа без работа со стечајот на рудниците.
–Сега има веќе 300 вработени во двата рудници, во текот на неколку месеци ќе станат 1000 вработени, а во ноември- декември овде ќе биде полно со вработени и со руда – изјави директорот на „Минстрој“ Николај Валканов.
Драган Димитриев, вработен во рудникот „Злетово“, изрази задоволство од брзото рестартирање на рудникот и ангажманот на владините институции.
–Голема благодарност до институциите, пред сѐ на премиерот и неговиот тим, што рестартирањето и добивањето на дозвола за работа се случи во многу краток период. Донесена е нова механизација, набавени се репроматеријали и извршени се санации на окната и на бункерите за руда. Се очекува на овој начин и понатамошно зголемување на платите, а сега се зголемени и изнесуваат колку просечните нето-плати во Македонија – изјави Драган Димитриев, вработен во рудникот „Злетово“.
Рударот Савчо Нанев го изрази задоволство од новите услови за работа.
–Сега тие што се враќаат имаат зголемени плати и има нови материјали и опрема – изјави Нанев.
-Почнавме пред еден месец, се надеваме дека ќе оди во подобро. Газдата вложува во репроматеријали и сме задоволни – изјави вработен рудар во рудникот „Злетово“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)