Иако информацијата дека Каролина е во љубовна врска со скопјанецот Михаил Корубин протече во медиумите уште пред неколку месеци, таа се обидува да ја заштити својата приватност и не објавува заеднички фотографии. Сепак, вчера на нивните профили на „Инстаграм“ осамнаа фотографии кои сугерираат дека двајцата престојуваат на грчкиот остров Миконос.
Каролина вчера на својот профил објави слика од една ноќна забава на плажа со логорски оган на Миконос, а слична фотографија, исто така вчера, објави и Михаил.
Се чини, премногу слично за да биде случајно…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.