| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка на крстосницата помеѓу Илинденска и Аминта трети – Седум лица повредени

soobrakajka

Околу 4 часот утринава на крстосницата помеѓу Аминта трети и булеварот Илинден се случи сообраќајна незгода во која се повредени седум лица. Сообраќајката се случила меѓу возило со марка “БМВ”, управувано од 25 годишно лице од Скопје и патничко моторно возило марка “Mерцедес” во кое се превезувале шест лица, пет девојки и едно момче.

Возачот на возилото “БМВ” по сообраќајната незгода го оставил автомобилот и го напуштил местото на незгодата. Со возило на брза помош повредените лица од возилото “Мерцедес” биле префрлени во клиничкиот центар Мајка Тереза. Кај две од девојките се утврдени тешки телесни повреди и се задржани на лекување, кај две девојки се утврдени полесни телесни повреди, а додека возачот на “Мерцедесот” и една од девојките која е малолетна, се упатени на домашно лекување.

Од страна на единицата алфи, возачот на возилото марка “БМВ” бил пронајден во неговиот дом околу 6:30 утринава и бидејќи бил видно повреден, бил пренесен во градската општина болница Св. Наум Охридски, од каде од страна на доктор констатирани му се телесни повреди и предложено му е болничко лекување, но одбил да биде хоспитализиран. Од МВР јавуваат дека деталите околу сообраќајната незгода ќе бидат дополнително утврдени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top