| четврток, 6 декември 2018 |

Заштедете додека сте на одмор, еве како

Летната сезона сеуште трае, затоа подгответе се за одмор но имајте во предвид и дека кога ќе се вратите од дестинацијата која сте ја одбрале за летување, повторно дома ќе ви бидат потребни пари. Па затоа еве неколку трикови како да заштедите додека сте на одмор.

Менување на парите

Пред да одите во било која странска земја, секако ќе ви бидат потребни парични средства во соодветната валута која се употребува таму. Пред да ја направите размената, добро проучете ја курсната листа во менувачниците и искористете ја најповолната опција.

Исто така, со време нарачајте си валута во менувачница или банка, особено ако одите во земја во која еврото не се употребува.

Внимавајте и при плаќањето со кредитни картички, бидејќи можеби ќе треба да платите одреден износ на камата, што ќе ви претставува дополнителен трошок.

Патничко осигурување

Иако повеќето сакаат да заштедат на патничко осигурување, претпоставувајќи дека ништо не може да им се случи, замислете колку само може да ве чини една несреќа доколку го немате осигурувањето. Немојте да одите на таков ризик, подобро платете си патничко осигурување и бидете обезбедени во случај на несреќа, отколку да се изгорите во спротивен случај.

Цените на таксито

Веројатно нема турист кој не се изгорел плаќајќи за такси превоз. Токму затоа, ако планирате да го користите овој превоз, распрашајте се како се движат цените во местото каде одите. Прво, за да видите дали можете да си дозволите да одите со такси, второ за да не ве ограбат со цената ако забележат дека сте странец.

Користете со се вклучени пакети

Овие пакети ви се најпрактични, бидејќи ги имате обезбедно сите оброци, топли напитоци, алкохол итн. Доколку не сте искористиле некој ваков пакет, веројатно ќе потрошите огромни пари на храна, пијалоци, кафиња и може и тоа како да ве чини поскапо од еден ваков пакет.

Роаминг

Телефонирањето додека сте на одмор во странство, навистина може да ве чини скапо. Токму затоа, гледајте да го избегнете како средство за комуникација и наместо тоа искористете ги останатите опции како интернетот.

Бакшиш

Во некои земји, бакшишот е дел од културата и постои одреден износ кој се смета дека е пристојно да се остави на послугата или келнерот. Распрашајте се каков е обичајот во земјата во која патувате, за да имате предвид колку би потрошиле на ова.

Ценкање

Не секој го бива за ова, но ако можете ценкајте се за она што можете, особено ако сакате да купите некој сувенир за спомен. Вообичаено, првичната цена за ваквите работи, не е реална и ставена е токму за луѓе кои ја немаат умешноста на ценкањето. Научете се да прегораварате за ваше добро. Така ќе заштедите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top