| четврток, 6 декември 2018 |

Кејт отворено прозборе за проблемот од кој многумина се срамат

За жал, не се зборува доволно за менталното здравје, а Кејт Мидлтон сака тоа да се промени. Таа, како амбасадорка на Националниот британски центар за деца и семејства „Ана Фројд“, изрази загриженост поради тоа што еден од тројца возрасни признава дека не би побарал стручна помош за менталните проблеми на своето дете бидејќи би му било непријатно тоа да го направи.

Кејт нагласила дека барањето на стручна помош за детето е најдоброто нешто што може да се направи во такви ситуаци.

01-kate-middleton-chirstmas-2

-Ниеден родител не би се срамел да повика доктор ако неговото дете има покачена температура, но многу деца не ја добиваат стручната помош кога поминуваат низ тешки ситуации бидејќи на возрасните им е срам да побараат помош. Тоа не треба да биде така, вели Кејт.

Таа вели дека преку работата со организациите кои се грижат за децата и семејствата научила дека најдоброто решение е на време да се побара помош за детето.

-Знаејќи го тоа, Вилијам и јас не би се двоумеле да побараме помош доколку таа би им била потребна на Џорџ или Шарлот. Стручната помош е шанса за децата да ги надминат проблемите додека се уште мали, за да имаат иднина каква што заслужуваат. Ве молам, споделете го тоа со вашите пријатели и семејство, за да ги срушиме предрасудите за менталното здравје, порачува војвотката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top