Поранешната сопруга на познатиот фудбалер тврди дека тој ја оставил со 3 илјади фунти месечно.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ентони Мартиал, ја напуштил сопругата Саманта Жакелинет која сега како самохрана мајка тврди дека фудбалерот ја оставил само со три илјади фунти месечно.
Таа тврди дека нивната врска завршила во моментот кога се случил трансферот на Ентони на Олд Трафорд, кој вредел дури 58 милиони фунти.
-Никогаш немав причина да се сомневам во него бидејќи никогаш не погледнуваше во ниедна друга девојка. Откако се преселивме, се` се промени. За него станав ’баба која не сака да се забавува’, а потоа ми рече дека не ме сака повеќе“, раскажува Саманта.
Таа тврди дека во последно време многу жени му испраќале пораки преку социјалните мрежи.
Парот добил ќерка минатата година, а на сметка на фудбалерот стигнувале многу обвиненија за афери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.