| четврток, 6 декември 2018 |

Драматична снимка од Лузијана: Жена и нејзниот миленик спасени во последен момент (Видео)

Драматична снимка се појави на социјалните мрежи каде се гледа како жена и нејзниот миленик се спасени во последен момент во поплавата која ја зафати Лузијана. Младо момче успева да ја извади жената од веќе потонатиот во вода автомобил, а откако жената му кажува дека и нејзиното куче е внатре и моли за да го спаси, момчето без двоумење повторно се внурнува во водата и го спасува и кученцето. Во поплавите во Лузијана загинаа најмалку 3 лица, а над 1.000 беа спасени, меѓу кои и автобус полн со деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top