| четврток, 6 декември 2018 |

Пет пожарни на терен: Се запали стан во Аеродром

Пет возила на против пожарната единица од Скопје интервенираше на пожар во стан на улица ‚‚ Владимир Комаров‚‚ вечерва. Според информации од екипите кои биле на терен, повозрасна жена пожарот најверојатно го предизвикала од невнинимание заборавајки електричен апарат од домаќинството, но за што точно се работи ќе треба да утврди истрагата. Според првичните информации пожарот ја зафатил дневната соба, а пожарникарите го изгасиле огнот кратко по пристигнувањето. Увид ќе вршат екипи на СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top